Posts

Showing posts from October, 2021

После дождот

Image
Ноќ.Темна и задушувачка.И постојано така. Ништо не се менува. Зошто? Не ни очекував дека ова утро ќе ми биде поинакво од досега монотоните, речиси репризирани. Шкрипење на врата, затемнетост. Бура од емоции.Облачно и тмурно.Надвор,во градот. Прв пат ја видов во библиотеката-штотоку изградена.Не и’ обрнав внимание.Библиотекарката беше надвор. Ми понуди кафе.Ја одбив. И така не сакав да го продолжам разговорот.Поминав крај паркчето.Наоколу-дрва,сурови,без душа,сигурно некогаш не предзираат нас и нашите постапки.Загриженост.Измиксани чуства.Капки тивко почнуваат да ме натопуват.Се повеќе и повеќе се множат.Ладно е,ама пак си тука.Гласна тишина.Некогаш само таа може да ни го води умот.Се наежив штом твојата рака се најде на мојата половина.Потоа се погледнавме.На твоите трепки како да танцуваа капките роса.Потоа ко се топат.Tака настанале твоите сини и сјајни очи.Ветрот ја дуваше мојата коса.Тивко сечејќи не.Дождот уште погласно паѓаше.Како да не постоеше.Се завртев.Назат во реалноста.Мног...

Изразни средства на филмот

Image
Филм е форма на културата позната како седма уметност, претставува вид на комуникација која користи движечки слики и звук со цел да се раскажат приказни или да се помогне на луѓето да научат за нови цели. При создавање на еден филм потребни се многу стручни лица. Тие се: - Сценарист - Режисер - Камерман - Сценограф - Актери - Монтажер Изразни средства на филмот се: - Говор - Глума - Музика - Шминка - Звук Првите филмови Првите филмови биле неми филмови. Датумот 28 Декември 1895 година се смета како роденден на филмот. Тогаш браќата Огист и Луј Лимер од франција ја одржале првата јавна проекција на нивниот филм. Автор:Бојана Цветановска IX-1 Уредик:Ања Јовановска VIII-4

Биди фер, правилно фрлај смет

Image
                                    Биди фер, правилно фрлај смет     Околината треба    да ја чуваме,   за да може на неа   да и се радуваме.     Ајде селектирај,   Потем рециклирај!     Жолта е за пластика,   сина е за хартија    зелена за стакло,   не е тешко повтори.     Ајде селектирај,   потем рециклирај!       Од денес сите ветуваме   дека планетата ќе ја чуваме,   бидејќи друга немаме    ајде Земјата да ја негуваме.     Автор и уредник: Катарина Пислевиќ 7-2

Моите другари

Image
  МОИТЕ ДРУГАРИ   На светот има многу другари, но само неколку се оние вистинските. Кога ќе паднеш тие ќе те кренат, кога ти треба помош тие ќе ти помогнат. Тие се секогаш во првиот ред за тебе. Тие се оние со кои часовите се секунди,   а минутите мили-секунди. Ретко ги има вистинските и треба внимателно да се одберат поради тоа што треба да им веруваме. Другарите на кои им верувам се оние со кои ја делам среќата, ми поминува тагата и во лош ден се насмевнувам. Тие се неколку но за мене сите посебно вредат многу повеќе и секој вреди на свој начин. Мојата прва вистинска другарка која ја запознав сосема спонтано на час по пеење како многу мала, очигледно за нас двете е вистина поговорката Што е убаво долго трае! Со неа и ден денес се дружам. Наша заедничка другарка која ја запознавме една година подоцна на истиот начин. Од нашето училиште има многу деца со кои се дружам но оние со кои сум најблиска се само неколку деца. Ние заедно ги поминуваме најубав...

23 октомври

Image
  Ден на македонската револуционерна борба е државен празник кој се празнува на 23 октомври во Република Македонија.Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. Имено на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет.Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа преку НОБ...

Пожар

Image
  ПОЖАР   Во шуми бујни, шарени пролета силен пламен како да е господар на сите времиња како на сите шуми пламенот да е главен.   По неколку часа пристигнаа хероите хероите на шумите македонски смело го гаснеа големото златно чудовиште.   Како најхрабри батковци не пазеа од пламените јазици и таа слика засекогаш во нивните мисли ќе блика.   А знаете ли вие како почнуваат врелите опасни огради од една искра, мала искра се започнува така.   Да се заблагодариме на храбрите пожарникари   и да ветиме, ќе пазиме. Каде има пожар нема да газиме.   Ако видиме оган да се јавиме на 193, но никако овој број да го злоупотребуваме, на шега на истиот да не се јавуваме.     Автор и Уредник: Катарина Пислевиќ 7-2      

Биди фер, правилно фрлај смет

Image
  Видеото освои второ место на конкурсот „Биди фер, правилно фрлај смет“, кој го организираше  Здружението на економски новинари Скопје. В идеото е изработено од: Ања Јовановска VIII-4 Уредник: Ања Јовановска VIII-4

Биди фер, правилно фрлај смет

Image
  Да не ја повторуваме грешката од лани,   по веќе не сме мали .   Паметно селектирај ,   п о можност рециклирај !     Нека не ти биде воопшто мака,   к он отпадот подај рака.   Само така природата се сака,   б ез изговор: ,, вака-така ”.     Од отпадот по нашите улици,   поплави торнада и виулици    з а возврат природата   ни   враќа .   Д али тоа некој го с ф аќа?     Можеби н а   некој тоа ништо не му значи,   н о многумина навистина ги мачи.   Сметот ќе смета    и во наредните лета.     Бон тон   и    ку л тура   да покажеме,   з а отпадот да се не лажеме .   Тој е општествена одговорност ,   а    од природата вечна благодарност.     Литературната творба освои второ место на конкурсот „Биди фер, правилно фрлај смет“, кој го организираше Здружението на економски новинари Скопје. Автор: Христијан Гочевс...