Posts

Showing posts from June, 2023

Збогум...?

Image
  Oстануваат толку работи недокажани а толку малку време. Навистина уште не знам кога помина годината. Кога помина последната етапа од нашиот престој во Дане Крапчев. Кога од малечки деца станавме во овие пораснати тинејџери кои треба да одат во средно. Се разделуваме. Кажуваме збогум. Мемориите ги носиме a со нас останува нашиот белег кој сме го направиле на училиштето. В елат дека времето е релативно, дека минува баш според нашата реферетна рамка, но како може вистински да е кога моментите кои сакаме да траат подолго ни отчукуваат во раце?  За среќа истите може да се сочуваат.. со слики. Благдарам на сите соученици и наставници! ,,Дане Крапчев"  засекогаш ќе остане дел од едно поглавје во животот кој не прави она што сме денес. Па затоа да се насмееме во името на исте тие прекрасни моменти кои ги доживеавме во последниве девет незаборавни години. За последен пат.. Автор и Уредник: Ања Јовановска IX-4

Догледање „Дане Крапчев“

Image
    Возбудена, исполнета со нетрпение, едвај чекав да почне учебната година и да зачекорам на патот од основното образование. Да почувствувам одговорност, да запознам нови пријатели, да создадам нови искуства...   1 септември 2014 г. Беше сончево, трчаа наоколу разиграни дечиња, имаше многу родители и возбудата се чувствуваше. Глетката беше многу убава. Се прегрнуваа првооделенчињата со своите наставнички како мајки со своите дечиња. Најмалите шараа со своите очиња низ училиштето, разгледувајчи го својот втор дом. Местото каде што ќе поминат девет години, место во кое ќе создадат преубави спомени, заедно со своите пријатели и наставници. Тој ден беше денот кога „Дане Крапчев“ нѐ пречека со огромна прегратка, а ние како мали човечиња со возбуда ги прифативме предизвиците кои не очекуваа... Првите пет години, во одделенска настава беа прекрасни. Одделенските раководители се грижеа за нас и на вистинскиот пат нѐ посочија. Сакаа да бидеме најдобри меѓу најдобрите. Сакаа да биде