Училишни спомени
Ги броиме последните денови и часови кога за последен пат ќе излеземе низ широката бела порта на нашето сакано училиште. Зад нас ќе ги оставиме не само нашите наставници и помалите соученици, туку и девет години од нашиот живот во кои создадовме драгоцени спомени. Спомените ќе си ги понесеме со нас, но дел од нив ќе оставиме за училиштето засекогаш да ги чува успесите кои ги постигнавме. Многу натпревари, проекти, приредби, ученички иницијативи и активности... ќе сведочат дека сме оставиле печат не само на нашата училишна заедница, туку и во нашата општина и пошироко. Понекогаш и забушававме, бидејќи мора да ги оправдаме „бубачките во глава“ што ни ги припишуваат возрасните. За нас, деветоодделенците, завршува една етапа од нашиот живот и почнува нова и непозната за нас. Од овде ќе ја понесеме пораката од нашите наставници дека што и да станеме во животот, каде и да бидеме, секогаш треба да се трудиме да бидеме најдобрата верзија од себе . Некои од нас ќе се посветат на нау...