Јас сум семче

 

Бев под земјата. Бев стуткана и беше многу темно. Почувствував како вода доаѓа од површината. Почнав да ја пијам и одеднаш набабрив. Од мене почна да излегува мало коренче. Од мене почна да излегува и мало стебленце кое почна да се кревав кон површината на земјата. Успеав да го видам сонцето. По некое време едно девојче дојде кај мене и врисна:

- Мамо! Мамо! Лимончето израсна!

Тогаш дознав дека сум лимонче. Бев многу среќна и по неколку минути ми ставија пак вода. Утредента се разбудив и се чуствував како да сум пораснала поголема во висина и дека ми израснале првите две ливчиња. За неколку часа тоа девојче пак дојде кај мене и држеше: линијар, молив и лист. Девојчето почна да ме мери. Тогаш дознав дека сум пораснала преку ноќ 2 см. По еден месец израснав 16 см и бев многу среќна бидејќи ми израсна моето прво лимoнче на моето стебло. Па за неколку дена девојчето и мајка ѝ засадија покрај мене нови лимoнчиња.

Јас станав возбудена бидејќи имав нови другарчиња. Се здружив со нив кога изникнаа. Ми беше многу весело и интересно во градината на лимоните.

Текстот е напишан како активност за реализирање на меѓупредметна интеграција на часовите по македонски јазик и природни науки.

 

Автор: Калина Николова IV-1

Уредник: Алексеј Стојановиќ IX-3

Popular posts from this blog

Пролетен пејзаж

Мојот живот за време на пандемија

Едно поинакво лето

„Тумбуфафа и истражувачите“ - разговор со Андреј Лефтеров

Само еднаш сум дете

Нашето ново катче