Првата љубов е како првиот снег, ретко некогаш останува.
Прва љубов како сенка,
тивко, тивко доаѓа. Нешто наивно но слатко ко мед. Велат дека тоа го поматува умот, срцето
чука забрзано, мислите бегаат наоколу и сè некако добива поинаква смисла. Во потсвеста
се сместува една личност и сè друго е бесмислено, без нејзиното присуство.
Мислите се преплавуваат со твоите слики.
Погледнувам
низ прозорецот и те барам, но тебе никаде те нема. Ја гледам само улицата низ
која поминуваат безброј луѓе. Те барам во сонот, но никако да те најдам, никако
да те видам, а кога конечно ќе те најдат моите очи, кога ќе го полеат видот и
вниманието на тебе, срцето ми трепери од љубов. Целосно се губам во твојот
поглед и незнам како да ти се обратам од страв, тивок срам. Секој ден се повеќе
те сакам. Размислувам за тоа дали некогаш ќе бидеме заедно и засекогаш ќе ја
делиме среќата, радоста, тагата, со еден збор кажано сè. Се прашувам зарем е
толку тешко да се изговорат толку милите зборови „Те сакам“ кои можат да
изменат многу нешта. Тие волшебни зборови, нивното огромно значење кои со
нетрпение очекувам да ги слушнам, од твоите усни, со твојот прекрасен глас.
И
ете дојде и тој ден. Денот кога ти ги изговори толку милите зборови „Те сакам“
кои со нетрпение очекував да ги чујам. Чуствував ко да е сон. Конечно се
исполнија сите мои сонови и желби за тебе. Сè беше прекрасно. Се чувствував
исполнета со бескрајна љубов која ја чувствувавме еден спрема друг. Мислев дека
ова нема никогаш да престане - ќе трае засекогаш, но згрешив. Сета моја радост
и среќа се урна таа вечер. Почувствував дека нешто не е во ред. Дека сакаш
нешто да ми кажеш па те прашав: Што не е во ред? Ми одговори со болна но кратка реченица : Не, повеќе не те
сакам. Во тој момент помислив дека се шегуваш со мене, но ми рече дека тоа е
вистина. Гром го удри моето срце и го распарчи на илјада делови. Внатре,
неверојатен немир се вгензди во мене и болка како од милион ножеви кои се
вбризгуваат во мојот стомак. Солзи од очиве ми капеа. Посакував да заврне дожд
за да имам другар со кој ќе плачам заедно. А ти како да не почувствува ни малку
сожалување спрема мене. Ме остави сама во ноќта, скршена од болка тивко да
умирам сама во себе.
![]() |
Првата љубов е како првиот снег, ретко некогаш останува… -Горјан Петрески |